Сошиени раскази

 

Olivera

Во една непретенциозна и неофицијална мини-анкета која ја спроведов на социјалните мрежи, книгата „Сошиени раскази“ (издание на „Или-или“) на Оливера Ќорвезироска(1965) доби најмногу препораки. Се чини дека оваа авторка на средната генерација во моментов е во полна творечка сила, доживувајќи го својот целосен процут, и како читател и како автор. Како што вели писателот Гоце Смилевски во поговорот на оваа книга, Оливера е „една од највпечатливите современи македонски раскажувачки“. Таа е и еден од најактивните и најприсутни рецензенти и објавувачи на социјалните мрежи, а во оваа збирка (која сама ја лекторирала) собира 64 раскази. Секогаш расфлертувана со постмодернизмот, таа и овде останува верна на метафорите на тн. традиционално женски работи: готвењето, чистењето, плетењето, а во оваа збирка шиењето. „Ќе го пресошијам светот околу мене“, почнува првиот расказ во збирката, која по воведот насловен „Шивачка“ се дели во четири поглавја насловени по техничките на шиење: основен бод, слеп бод, оверлок и цик-цак.

Прозата на Ќорвезироска секогаш, па и тука, оди по тенката линија меѓу стварноста и книжевноста, т.е. книжевната фикција. „Мене вистините ми се порапави од измислиците“, вели таа додека книжевно ги архивира датумите, улиците, имињата и сите останати детали од нашиот свет кои се во постојано менување и исчезнување. Овие раскази се шарен пачворк на времето и градот во кои живее, сошиени во една целина со нејзиниот книжевен конец. На места фуснотирани, како дополнителен постмодернистички зачин на овој колаж во кој повторно си поигрува, како и многупати досега, со своето книжевно алтер-его, Марија Мислева.

Оливера е несебичен раскажувач, најмногу поради тоа што е и вечно гладен посветен читател. Игрите со перспективата и со приказните таа не ги чува само за себе. На места, таа е лик во сопствените раскази, но многу од расказите имаат посвети на други автори, а со поинаков фонт во оваа збирка се означени оние кои се коавторски дела, пишувани со други нејзини современици-писатели, како Калина Малеска, Сашо Кокаланов и Владимир Лукаш. Расказите од подолги стануваат покуси како што одат кон крајот на книгата, за во делот насловен Цик-цак бод да завршат со фејд-аут, со раскази од само две реченици.

Елизабета Баковска

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s