Ден на независните музички продавници – втор пат во Македонија

Една убава „белосветска“ идеја полека заживува и на наше тло. В сабота, на 21 април, МКЦ и АП(о)ТЕКА, во периодот од 13:00 до 17:00, ќе го организираат второто (полу)дневно дружење на платото пред омилената градска субкултурна установа. Поводот е навидум обичен – Денот на независните музички продавници или ако милувате International Record Store Day 2018 (Celebrating The Indie Record Store).

Record dayОвој интернационален „Ден на независните музичките продавници“ во светски рамки се одржува од 2007, а во Македонија го „откривме“ минатата година јавнувајќи го бранот на сѐ поголемиот интерес за грамофонските плочи, за винилите како потврдено најтрајниот аудио запис. За целата таа иконографија која трајно ги врза музиката, ликовната уметност, дизајност …уметностите.

И, уште појаснување дека следејќи го генералниот концепт на прославата и Record Store Day Macedonia 2018 си има свој Амбасадор, промотер на настанот. Оваа чест, во светски рамки секогаш им е наменета за музичари, кои со своите објави покажале несомнена почит и љубов кон физичките изданија (пред сѐ винилите) како доминантни носачи на звук и на овој или оној начин несебично го подржувале опстојувањето на малите музички продавници.

Така потписниците водејќи се од овие основни начела, честа да биде македонски Амабасадор на овогодишниот македонски Ден на независните музички продавници решија да му ја доделат на најдобриот македонски, „балкански и еден од најдобрите европски гитаристи на сите времиња“ -Влатко Стефановски.

Признанието, како што забележуваат, му припадна најмногу поради фактот што токму тој во изминативе 50-на години, колку што трае неговата музичка кариера (првиот документ каде се споменува состав каде бил член на ЈЕГУЉЕ, датира од 1968 година), со име и презиме ќе потпише најмногу винилни изданија во македонската дискографска историја. Најмногу со легендарните ЛЕБ И СОЛ (10 единечни, еден двоен албум, три синглови и еден „Интервју со…“ сплит двоен албум), една сингл плоча како Влатко и Бодан, еден албум под сопственото име  и еден (двоен 12-инчен EP) под името Влатко Стефановски + Мирослав Тадиќ („Крушево“).

Од друга страна, признанието за страсно колекционерство и долгогодишна поддршка на физичките изданија како носачи на звук (пред сè на винилот) и континуирана поддршка на малите и независни музички продавници (Worldwide Record Store Legend) потписниците на манифестацијата решиле да му припадне на Владимир Мандичевски-Манде, долгогодишен пасиониран колекционер на физички изданија, редовен посетител на ретките македонски независни музички продавници, но најмногу поради улогата која ја имаше неговата (прва во Република Македонија) музичка продавница Bagi Shop на почетокот на 90-тите години од минатиот век. Во тие години на немирно живеење, како што стои во информацијата, Bagi Shop беше едно од ретките културни (музички) оази за младите луѓе, единствениот извор за квалитетна (некомерцијална) музика и место каде низ разните собири и дружења започнаа да се раѓаат (а подоцна и реализираат) безброј идеи кои за краток период ќе ја воздигнат македонската музичка сцена на едно поорганизирано и поквалитетно ниво. „Во најмала рака, Манде и Баги, преку своите активности, ставија минимум едно камче во мозаикот, кој и ден денес го составувавме, а кој ни е основа во препознатливиот урбан македонски музички идентитет“.

И уште малку фактографија. Покрај укажувањето почит кон споменатите личности, самиот Ден на независните музички продавници 2018  ќе биде одбележан и со квалитетна, неколкучасовна, дневна ди-џеј забава и еден настап на платото на МКЦ.

Забавата вклучува едночасовни сетови на DJ Зоран Ристевски (Зоки Бејбе), Нора Стојановиќ – култната скопска перформанс артистка и пејачка во неколку значајни бендови-проекти (Мизар, Vermilion Deviate, Nora)  и Саша Павловиќ-Фреш, легендарниот басист во десетина скопски состави од 1990-те и од новиот милениум (Süns, Fresh, Demek, Bernays Propaganda, ХаХаХа, Мизар…). Годинешното  чествување на интернационалниот Record Store Day 2018 ќе биде заокружено со перформанс и претставување на новиот материјал на Mammoth & Yashem.

За жал, нема да има промоции на нови македонски изданија како лани, но винилските плочи и другите носачи на звук ќе се продаваат со специјален попуст за тој ден од 20 отсто.

Сосема пристојно, ако се има на ум дека традицијата и не се создава лесно и одеднаш.

 

Љупчо Јолевски

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s