Од „Статусот на нашето време“, збирка афоризми од Милан Дамјаноски (Блесок, 2018)

MIlan

МАКЕДОНИЈА

  1. Македонија – земја со 2 милиони луѓе со специјални потреби за вработување.
  2. Македонија – земја каде што е поважно да си договорен од одговорен.
  3. Господ да беше Македонец, два дена ќе планираше, а по пет дена ќе отидеше на продолжен викенд.
  4. Нема тајна во Македонија која во доверба нема гласно да биде кажана во кафана или кафич.
  5. Уште не сме решиле кој хамбургер е најдобар, а вие сакате да го решиме македонското идентитетско прашање.
  6. Колку што има фестивали за храна во последно време, може наместо Горна Република Македонија повеќе би одговарала Гладна Република Македонија.
  7. Еден од проблемите на македонската политика – партиите се занимаваат со надворешна политика за да победат на локални избори.
  8. Ниедно екстерно тестирање нема да вреди сѐ додека полуматура се слави со трубачи и чочек.
  9. Подобро Македонија среќна отколку Македонија вечна.

СКОПЈЕ

  1. Скопје – град што многу тешко се раздвижува, но многу лесно се закочува.
  2. Скопје, град во кој секого го повикуваат на бис, за жал, дури и политичарите.
  3. Скопје – градот на тие што повеќе правиме планови за викендот отколку за животот…
  4. Скопје е град во кој сите некогаш ќе се сретнеме, ако не тука, тогаш во Солун.
  5. Скопје, почнувајќи од Пиколомини, си пати од своите урбанисти
  6. Статуите на коњи со дигнати нозе, замрзнати во времето, се одраз на чекорот напред што сакаме да го направиме.
  7. Петок во Скопје – крај на светот, почеток на викендот.
  8. Во Скопје вечното прашање е што доцни прво – публиката или концертот.

МААЛСКИ ЖИВОТ

  1.  Не може ништо побргу да обедини една зграда од комшија кој реновира стан и претседател на куќен совет кој не ги поправа лифтовите.
  2. Во животот на секој маалски фраер има една жена и една утакмица која го изгорела и поради која не е богат.
  3. „Маааамо, дооојди“ – химна на секоја македонска плажа и двор.

БАЛКАН

  1.  Балканот е генијален, само треба да издржиш да живееш во него.
  2. Балкан – место каде што ако двајца мажи се прегрнат од љубов ги тепаат, а ако двајца политички лидери машки се прегрнат им аплаудираат.
  3. Фудбал – балканска игра до смрт со една топка и барем два национализми.
  4. Годината ја почнуваме со Виенска филхармонија, а ја завршуваме со Харис Џиновиќ, тоа е таа балканска годишна прогресија.

РЕЧНИК НА НОВИ ЗБОРОВИ

  1. Платалец – граѓанин на РМ кој се обидува да преживее во текот на месецот од својата плата.
  2. Експе’ерт – маалски стручњак за сѐ
  3. Поли Хроно – кога си на повеќе диети во исто време за да бидеш слаб/а за одмор во Грција.

ЖИВОТНИ СТАТУСИ

  1. Сите мудрoсти и шеги се веќе кaжaни, нo не се тие криви штo нaшите мaни oстaнaле исти веќе сo векoви.
  2. Секогаш наоѓаме време за крупни зборови, а ретко за ситни добрини.

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s