Тринаесет осврти за книжевни и слични дела – Промоција

Kniga moja

На 4 јуни, од 20 часот, во Јавна соба, Блесок организира промоција на книгата „Тринаесет осврти за книжевни и слични дела“ од Елизабета Баковска.

За книгата која содржи текстови напишани во периодот од 2005-2016 ќе говори Оливера Ќорвезироска, а извадоци ќе чита Тихомир Јанчовски.
—————————————————–
Елизабета Баковска (1969). Дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за англиски јазик и книжевност. Докторирала на тема од областа родови студии на Институтот Евро-Балкан.

Главен уредник на електронското списание за култура и литература Блесок (www.blesok.mk).

Преведува, пишува поезија, проза и книжевна теорија и критика.

На македонски јазик ги превела Надин Гордимер, Вилијам Фокнер, Бора Ќосиќ, Давид Албахари. Нејзина поезија, проза и критички текстови се преведени и објавени на англиски, шпански, романски, бугарски, словенечки, српски, црногорски јазик.

Досега ги објавиле книгите:
Житие на нашата љубов, поезија (Маседониа Прима, 2003)
Четири годишни времиња: раскази за суштински нешта, раскази (Блесок, 2004)
Состојби на духот и телото по триесеттата, поезија (Блесок, 2005)
На пат кон Дамаск, роман (Слово, 2006)
Варварите сè уште пишуваат поезија, поезија (самостојно издание, 2015)
Сопствена соба, сопствено гето: женското писмо во современата македонска проза, книжевна теорија/критика (самостојно издание, 2016)

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s