Награда „Игор Исаковски“

Igor

Со желба да го промовира пишувањето поезија на македонски јазик кај помладите генерации и да го чествува името на својот основач, културната установа „Блесок“ со задоволство и оваа година, по вторпат, објавува повик за доделување на наградата за најдобра необјавена стихозбирка „Игор Исаковски“:

Пропозициите на конкурсот се следниве:
– Доставените текстови треба да бидат напишани во стихови, на македонски литературен јазик;
– Текстовите треба да бидат напишани со кирилична поддршка и да содржат минимум 500, а максимум 1.000 стиха;
– Авторите на текстовите не треба да имаат претходно издадени авторски книги, а во текот на 2018 година не треба да наполнат повеќе од 21 година;
– Песните во доставените текстови не треба да бидат претходно објавувани во печатена форма, а по исклучок можат да бидат објавувани по социјалните мрежи;
– Освен текстот на стихозбирката, авторите треба да достават и куса биографија.
Текстовите треба да се доставуваат електронски, на kalina@blesok.mk, во периодот од 10. јуни до 25 август 2018 година. За наградата ќе одлучува жири составено од членови на редакцијата на „Блесок“ и надворешни членови кои се познавачи и вљубеници во поезијата. Одлуката за наградата ќе биде објавена до 10 септември 2018 година.

Наградата не е парична. „Блесок“ ќе ја објави наградената збирка и ќе организира промоција на роденденот на Игор Исаковски, 19 септември 2018 година.
Печатењето на книгата е финансиски поддржано од страна на Министерството за култура на Република Македонија.
—————————————————————–

Игор Исаковски (1970 – 2014), поет, прозаист, уредник, преведувач. Дипломирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност во Скопје, магистрирал на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (Родови и културолошки студии). Тој е основач на Културната установа Блесок. (www.blesok.mk), каде што работеше како главен и одговорен уредник од 1998 година до неговата смрт. Објавил повеќе книги поезија, и уредил четири антологии. Преведувал поезија, проза и есеи, од (и на) македонски, англиски, српско-хрватски-босански-црногорски, и од словенечки на македонски. Во негов превод на македонски, објавени се 60 книги. Поезијата и прозата му се преведени и објавени на шеснаесет јазици во дваесетина земји. Застапен е во голем број избори и антологии во Македонија и во странство.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s