Диссомнии

korica dissomnii

Диссомнии“ (издание на Антолог, 2017) е третиот роман на младиот писател Игор Станојоски (1979), еден исклучително талентиран раскажувач чиишто романи се од оние кои се читаат само еднаш, бидејќи приказната, пресвртницата, откритието, е секогаш на крајот. Иако сместен во чувствителните современи украински превирања на Мајдан, овој роман навева јасни алузии и на македонските политички случувања. Приказната со вкус на шекспировска дилема на seeming and reality се витка и се мачи под теретот на обилните објаснувања на маргините на приказната, кои нараторот упорно, апологетски, ги џвака, постојано утврдувајќи ја својата позиција наспроти либералниот (Фејсбук) мејнстрим, зашто „секој ја извикува својата вистина… Пресудно е надвикувањето“. Ова е оптоварена проза, писателска реакција на оптоварената реалност и на уште пооптоварената виртуелна стварност, која неизбежно го иритира оној потенцијален читател кој е приклонет токму кон тој либерален мејнстрим.

Затоа, не изненадува дека токму вредната читателка Оливера Ќорвезироска во својот текст Дали добриот роман е семоќен? објавен на порталот Окно[1] вели: „Ако веднаш ја сопоставиме со уште еден автобиографски, автореференцијален пасаж на самиот крај од романот, речиси флерт со потенцијалниот читател, целосно се ослободуваме од потенцијалниот, лебдечки ризик дека нема да можеме да уживаме во мајсторијата на книжевното писмо, не сложувајќи се со ставовиве на носечкиот лик на романот, јас-нараторот“.

Вознемирениот наратор на Игор, осамен во своето несогласување со својата изменета реалност, отуѓен од оние кои до вчера ги сметал за блиски, во една фрагментирана и испреплетена наративна структура во вид на дневнички записи, во која постојано едно во друго се претопуваат реалноста и привидот, сонот и јавето, на крајот се враќа дома. Тука, во едно Кундровско, но пооптимистично ехо, со враќањето на село, нараторот го наоѓа својот душевен мир и успева да воспостави вистинска блискост и со она што останало од неговото семејство, но и со нова жена.

Елизабета Баковска

[1]https://okno.mk/node/67856.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s